Серанови
serrano | 04 Септембар, 2008 17:46

Серанови (Los Serrano) е шпанска телевизиска серија, во која се прикажуваат случките на семејството Серано и нивните пријатели. Се снимаше од 2003, па се до 2008. Серијата постигна голем успех во сите земји во кои се прикажуваше. Насловна нумера „1 и 1 се 7“ (шп:1 más 1 son 7; Uno más uno son siete) ја отпеа Фран Переа, кој во серијата го глуми Маркос. Заблагодарувајќи се на успешноста на серијата Фран стана музичка ѕвезда во Шпанија. Во 2005 се создаде и нова музичка група Санта Хуста Клан (шп:Santa Justa Klan или SJK) која ја сочинуваа млади глумци од серијата. SJK постигна голем успех помеѓу младите. Главните улоги во оваа серија ги играат Антонио Ресинес, Хесус Бониља и Антонио Молеро, а неодамнешната главна глумица Белен Руеда, ја напушти серијата во 2007 година. Телесинко на 22 мај 2008 го откажа емитувањето на серијата поради значајниот пад на гледаност во Шпанија. Последните седум епизоди од осмата сезона според продуцентот ќе бидат “ полни со емоции, као што му доликува на крајот “. Овие епизоди ќе почнат во Шпанија да се гледаат од 5 јуни 2008.
Re: Серанови
ana | 27/01/2009, 16:19
najbolja serija na svetu.